Изложбата со тема ,,Биди Жена“на креативниот уметник Бранка Спасовска прикажана пред публиката во Крива Паланка

Изложени се 21 минијатура изработени во текстил арт техника,  со користење на рециклирани материјали.

Во чест на 21 март Меѓународниот ден на поезијата, Денот на пролетта и екологијата, денес во НУ Центар за култура Крива Паланка беше отворена изложбата “Биди жена” од Бранка Спасовска, креативен уметник од Пробиштип.Отворањето беше збогатено со читање поезија посветена на жената од ученици од ООУ ,,Браќа Миладиновци“ од Пробиштип. Изложени се 21 минијатура изработени во текстил арт техника,  со користење на рециклирани материјали. Спасовска ја прикажува жената како столб на општеството, во сите нејзини улоги, соочена со наметнати ограничувања и стеги. Изложбата е подржана од Министерството за култура, а е превземена од Домот на културата “Злетовски рудар” од Пробиштип.

 

Сподели на Facebook и Twitter