Ритамот на Европа во Пробиштип

Доколку децата од било која причина не можат да се пријават можат да се појават на самата аудиција и да го претстават својот талент за песна или игра.

Најголемото музичко натпреварување ,,Ритамот на Европа” ни доаѓа во општина Пробиштип. Овој фестивал за прв пат се одржува во нашата држава, а една од аудициите ќе се одржи токму во нашиот град.

Поддршка на овој фестивал, кој е единствен од овој карактер во регионот даваат и амбасадорите на земјите од Европа, Европската Унија, Австралија и Израел. Програмот на ,,Ритамот на Европа” во 2023 година ќе се емитува во живо на телевизија со национална покриеност.

На аудицијата која ќе се одржи на 02.07.2023 со почеток во 14:00 часот во киносала ,,Рудар” ги очекуваме сите деца и младинци од 14 до 21 година кои имаат талент за пеење и танцување. Децата и младинците можат да се пријават со пуштање на порака на инстаграм профилот @rhythm_of_europe или на телефонскиот број +381606555013(viber/whatsaap). Децата кои се пријавуваат за пеење и танцување треба да пратат пријава која треба да го содржи нивното име и презиме, година на раѓање и градот од кој доаѓаат. Доколку се пријавуваат како група можат да се пријават со една пријава така што во пораката ќе ги напишат податоците за секој член од групата. Танцувачите со себе на USB треба да си ја донесат музиката на која ќе играат или танцуваат.

Доколку децата од било која причина не можат да се пријават можат да се појават на самата аудиција и да го претстават својот талент за песна или игра.

Одбраните натпреварувачи ќе имаат прилика својот исклучителен талент за пеење и танцување да го усовршуваат во текот на повеќемесечни подготовки со гласовните тренери како и со уметничките директори на сценскиот перформанс на програмот ,,Ритамот на Европа”.

Сподели на Facebook и Twitter