„Што е тоа жена?“ – Документарен филм

Во филмот прикажани се повеќе интервјуа со најразлични лица - професори, доктори, психијатри, психолози и сл., кои кажуваат едно свое видување на прашањето „Што е тоа жена?“

Коалицијата за заштита на децата и Фондација Елеуса ви го претставуваат филмот „Што е тоа жена?“ на Мет Волш, на 25 мај (четврток), со почеток од 19:00 часот, во кино сала „Рудар“– Пробиштип.

Влезот е СЛОБОДЕН, бидејќи сметаме дека потребно е секој граѓанин да се информира за суштината на филмот и ќе следуваат низа проекции низ цела држава.

Филмот е спој на документарец со хумористични нишки, во кој се разработува една многу современа, сериозна и значајна тема – што е тоа жена, како се дефинира жената, дали личните чувства можат да бидат над реалните биолошки факти, значењето на жената во општеството и дека истата не може да биде заменета од ниту еден маж.

Во филмот прикажани се повеќе интервјуа со најразлични лица – професори, доктори, психијатри, психолози и сл., кои кажуваат едно свое видување на прашањето „Што е тоа жена?“.

                Ве очекуваме на премиерната проекција во нашиот град, Пробиштип.

 

Сподели на Facebook и Twitter