Театарската претстава „ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ” во киното „Рудар“ во Пробиштип

Претставата „Земја на штркови" е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината

 

Театарска претстава „ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ” 

 26.11.2024 год.(вторник) 

Киносала ,,Рудар” 

Влез:250 ден. 

Почеток:20:00 час. 

Претставата „Земја на штркови” е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината, поставувајќи ги прашањата: 

 Дали доколку го гледаме само својот пат, можеме да бидеме среќни? 

 И дали доколку остануваме инертни, можеме да промениме нешто? 

 Дали најлесното и наједноставно решение е да се замине таму некаде во туѓина, барајќи подобро место за живеење, или заминувањето е доживотна болка и непополнета празнина која останува цел живот? 

 Дали овие крици од сцената се последните обиди да нѐ разбудат од летаргичноста, но и од заблудите, и да нѐ натераат да се преиспитаме самите себеси, до кое дереџе сме доведени и дали е крајно време да се преземе одговорност за последицата наречена – бела чума!  

Дејствието на претставата се одвива во Охрид и ги следи животните разидувања на два пара во однос на иселувањето од Македонија. 

 Едниот – разделен пред 20-тина години, а другиот – го живее моментот на разидување од истите причини. 

Играат: Мирјана П. Ристов, Роберт Ристов, Изабела Јакимова и Радо Алексовски. 

Продукција: Театар Провокација – Скопје. 

ПОВЕЛЕТЕ !!! 

Дом на култура „Злетовски Рудар“ Пробиштип 

 

Сподели на Facebook и Twitter