Убавините на Лесново и Лесновскиот Манастир

Погледнете ги убавините на Лесново и Лесновскиот Манастир

Едно од најуникатните села на територијата на Македонија, особено по својата местоположба, е несомнено селото Лесново. Селото Лесново е се наоѓа во североисточниот дел од Република Македонија. Тоа е единствена населба во Република Македонија што лежи во јасно изразен и сочуван фосилен вулкански кратер и меѓу најстарите села кое не ја променило својата положба со векови! Лесновската купа и кратерот на врвот се наоѓаат во западниот дел на Осоговските Планини, помеѓу Пробиштип и с. Злетово. Лесновскиот кратер претставува споменик на природата и геолошки раритет. Името на селото Лесново потекнува од зборот лес, што значи шума. Всушност, во минатото овој простор бил густо пошумен, па се смета дека од таму и името.

Административно селото Лесново припаѓа на општината Пробиштип. Сообраќајно е релативно добро поврзано со тесен асфалтен пат до градот Пробиштип (13 км) на запад и до селото Злетово (8 км) на југ. Оддалеченоста од главниот град Скопје изнесува околу 120 км или 2 часа возење. Лесново е едно од најстарите села во Македонија. Низ вековите, ова село никогаш не ја променило својата положба. Населението со векови изработувало воденички камења од квалитетните карпи. Поради својот исклучителен квалитет, овие камења биле испорачувани насекаде по Балканот. Во атарот на селото се наоѓаат и неколку пештерски цркви. Во селото Лесново има пет прекрасни чешми, изградени во традиционален стил и со природен материјал кои претставуваат атракција за посетителите.

Сподели на Facebook и Twitter