,,УМРИ МАШКИ” во Пробиштип

Одложената комедија ,,Умри машки" презакажана за 29.09.2022 година (четврток) во кино салата Рудар во Пробиштип

Претставата на аматерскиот драмски театар ,,Мирка Гинова” од Демир Капија ,,Умри машки” која што беше одложена, ќе се одигра на 29.09.2022 година (четврток) во кино салата Рудар во Пробиштип со почеток во 19ч. Се работи за комедија , а билетите по цена од 100 денари , се пуштени во продажба и може да се купат од просториите на Дом на културата ,,Злетовски Рудар“ Пробиштип, 2 кат, сметководство. Доколку сакате да се насмеете, не смеете да ја пропуштите оваа претстава.

Сподели на Facebook и Twitter