Успешен настап на младите пробиштипски пијанисти

Пробиштип имаше 5 представника: Борјан Бојковски, Мартин Ивановски и Дамјан Благевски под менторство на Мици Милковски и Петар Петрушев и Леонид Сребренов под менторство на Далибор Зафировски. 

 

И оваа година, Ѓевгелија беше  домаќин на многу млади музички надежи кои  покажаа колку навлегле во тајните на интерпретирање на дела од големите музички имиња во светот.  Од 13-ти до 15-ти јуни, 85 ученици во машка и женска конкуренција до 18 години од Македонија, Бугарија и Косово, се натпреваруваа за титулата најдобар млад пијанист во пет категории поделени според возрасната граница.

Пробиштип имаше 5 представника: Борјан Бојковски, Мартин Ивановски и Дамјан Благевски под менторство на Мици Милковски и Петар Петрушев и Леонид Сребренов под менторство на Далибор Зафировски.

Младите пијанисти се закитија со со две втори, две трети места и една пофалница.

На сите учесници им честитаме на успехот и горди сме што достојно го претставија нашиот град.

Сподели на Facebook и Twitter