Врачени наградите од годинашниот избор за ФОТО Пробиштип 2022

Вчера во салонот на Домот на културата „Злетовски рудар“ се одржа свеченост по повод доделувањето на наградите

Вчера во салонот на Домот на културата „Злетовски рудар“ во Пробиштип беше одржана мала свеченост на која беа врачени наградите на авторите на наградените фоторгафии од годинашниот фото конкурс Пробиштип 2022. Овој избор за најдобра фотографија беше одржан по единаести пат ,а гостите на свеченоста ги поздрави Радослав Илиевски претседател на комисијата.Годинава учесниците на фото конкурсот можеа да се претстават во три категории и тоа задолжителна тема со наслов Со љубов за мојот Пробиштип , слободна тема и избор на уметничка фотографија. Како што објавивме на приштипинфо.мк, во категоријата слободна тема трето место го освои Јован Спасовски со фотографијата Иконостас, второто место му припадна на Горјанчо Досев со фотографија од Лесновскиот манастир и првото место беше за фотографијата минерали на Константин Митевски. 

Во категоријата за уметничка фотографија третото и второ место го освои Леон Донев за фотографиите Исто потекло и Архитектура, а првото место повторно беше за Константин Митевски за фотографијата Елегантност. 

И во задолжителната тема со Љубов за мојот Пробиштип , првото место го освои Константин Митевски со фотографијата Македонска приказна,а  второто и третото место го освои една иста тема во различен временски период , Лесновскиот манастир дење и ноќе , дело на Јован Спасовски. Свеченоста беше збогатена со музички настап на двајца професори од средното музичко училиште од Штип.Честитки за наградените и од пробиштипинфо.мк

 

 

Сподели на Facebook и Twitter