ДЕНЕС Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

Одбележувањето на Светскиот ден на детето ќе овозможи да се слушне гласот на децата и тие да укажат на најголемите предизвици со кои се соочуваат.

Денеска на глобално ниво се одбележува Светскиот ден на детето, кој има за цел да го сврти вниманието на широката јавност  за сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои се соочуваат децата.

На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето, во која се нагласува дека сите деца имаат права кои произлегуваат од оваа Конвенција, без оглед на тоа кои се, каде живеат, што им работат родителите, дали се сиромашни или богати, на кој јазик зборуваат, на која религија или култура ѝ припаѓаат, дали имаат некоја попреченост или инвалидитет.

Сподели на Facebook и Twitter