Денес е Светскиот ден на штедењето

Дечињата од детската градинка „Гоце Делчев“ беа во посета на неколку банки во Пробиштип

Финансиската писменост и едукацијата за управување со средствата, особено во неразвиените и земјите во развој е од голема важност за севкупното население. Идејата за формирање на Светскиот ден на штедењето потекнува од далечната 1924 година, неколку години по Големата депресија која настана како рушење на берзите во САД и финансиската криза со монетарната реформа во Германија.

Идејата за започнување на Светски ден на штедењето е поставена на Интернационалниот конгрес на банки за штедење со цел да се популаризираат депозитите од граѓаните и компаниите. Конгресот е одржан на 31 октомври во Милано, и од тогаш наваму овој ден е претворен во традиција за поттикнување на штедните навики на населението.

Единствено во земји каде овој ден е национален празник не се прославува бидејќи идејата е банките да бидат отворени и да ги услужуваат сите заинтересирани кои сакаат да остварат заштеда. Настанот најголема популарност стекнува по Втората светска војна, особено во Австралија каде е одбрана национална маскота Sparefroh по која дури е именувана и улица.

Во поновата историја организаторите на Светскиот ден на штедењето е насочен повеќе во земјите во развој каде има висок степен на невработеност и социјална нееднаквост, а многу граѓани се надвор од банкарскиот систем па така и нивните финансиски опции се многу помали. Затоа се работи на различни промоции и алатки за луѓето полесно да управуваат со своите средства и да генерираат дополнителни приходи од заштедите кога ќе им бидат неопходни и потребни.

Светскиот ден на штедењето како глобален настан го слават особено одговорните банки за штедење, културни организации, спортски тела и квалификувани агенции. Светскиот ден на штедењето не потсетува на важноста на редовните заштеди да бидат безбедни. Заштедите, исто така, му помагаат на една личност да ги оствари своите цели и соништа, како што е започнување бизнис, подобра здравствена заштита, поквалитетно образование или купување имот.

По повод Светскиот ден на штедењето, дечињата од детската градинка  Гоце Делчев од Пробиштип  беа во посета на неколку експозитури на банки кои работат во нашиот град.

 

Сподели на Facebook и Twitter