Празничните денови се мигови на среќа и радост кога заедно треба да ги прославиме празниците кои се препознатлив белег на православието, да ги споделиме заедно со сите наши сограѓани и да ја покажеме убавината на културната разноликост.
Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Пробиштип со години наназад ја имаше честа да биде организатор на традиционалната „ПИВТИЈАДА”, манифестација која секоја година, почнувајќи од 2010г, успеваше и се’ уште успева да ги собере на едно место граѓаните на Пробиштип од сите возрасни категории и во пријатна атмосфера да го прослави празникот БОГОЈАВЛЕНИЕ- ВОДИЦИ.
И овојпат со задоволство Ве известуваме дека оваа традиција продолжува и оваа година. По тој повод ги покануваме сите наши сограѓани на градскиот плоштад „Св. Гаврил Лесновски” во четврток, 19-ти јануари во 11:30ч, веднаш по завршувањето на настанот со фрлање на светиот крст во водите на базенот во АКВА паркот, да ни се придружат и заеднички да ја реализираме оваа манифестација која се надеваме дека во наредните години ќе прерасне во настан кој ќе биде препознатлив белег за нашиот прекрасен Пробиштип!
Повелете, Ве очекуваме…
Со почит,
Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ
ОК Пробиштип