Cafe Blue Note ќе биде центар на хуманоста и забавата во сабота на 31 Декември

Денска забава под мотото „Заедно за Меланија“

Клуб на млади Општинска Организација Црвен Крст Пробиштип заедно со Cafe Blue Note организира денска новогодишна хуманитарна забава со DJ Ceco и DJ Tasev на 31.12.2022г. со почеток од 12:00 часот. Минатата година на истиот ден направивме хуманитарна забава со која што обезбедивме 30 пакети со храна и хигиенски производи како и новогодишни пакетчиња. Годинава одлучивме паричните средства кои ќе се соберат да бидат донирани за девојче од Злетово кое има потреба од итна операција на очите во износ од 1500 евра. А воедно не ги забораваме и другите загрозени дечиња за кои можете да донесете новогодишно пакетче. Ова е супер шанса да ја завршите годината со добро дело, да помогнете на мало девојче без пречки да ја види убавината на светот во кој живееме, со новогодишно пакетче да го направите овој Божиќ незаборавен за некое детенце чии родители не можат да си го дозволат истото. Вашето малку некому значи многу! Да бидеме сплотени уште еднаш оваа година и да ја покажеме хуманоста на Пробиштип! Заедно за Меланија! Заедно за оние кои немаат!

Ангела Георгиевска

Сподели на Facebook и Twitter