Денес е денот на Армијата на Република Македонија

Под мотото 30 години безбедност,стабилност и доверба со целовечерен настан ќе биде одбележан денот на Армијата во Скопје

,,30 години Армија”– јубилеј на Армијата на Република Македонија. Денешниот ден на АРМ ќе биде одбележан со бројни активности на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје.

Одбележувањето ќе започне со традиционалното испукување на плотуни. Ќе биде презентирана најновата и најсофистицирана опрема на Армијата вклучувајќи ги и новите оклопни транспортери JLTV Oshkosh, ќе бидат прикажани вештините на армиските специјалци, а предвидена е показна точка со армиските кучиња.

Јубилејот на Армијата ќе биде прославен со настап на Воениот оркестар, по што следува богата музичка програма со настапите на Кики (Дајте музика), Пере (Нокаут), Дац и Александар, Last Expedition, DJ Babura Jr. и Еурека танцовото студио.

инфо-превземено

Сподели на Facebook и Twitter