ХУМАНИТАРНА ЗАБАВА

Сабота 21ч. Хуманитарна забава во организација на Клуб на млади при Општинска организација на Црвен крст - Пробиштип
Пред околу една недела слушнавме за малата Кирјана која има потреба од итно лекување во Турција, па веднаш ја контактиравме нејзината фамилија и почнавме да правиме план како ние може да и помогнеме во нејзината битка.
По состанок на координативното тело на Клуб на млади ООЦК Пробиштип ги контактиравме Lounge bar Cool  и Ивона Јо кои несебично и без двоумење ја прифатија нашата понуда за соработка и организиравме хуманитарна забава која ќе се одржи во сабота 10/09/2022.
Влезот е по симболична цена од 100 денари, но секој кој има желба може да направи и поголема донација, а сите собрани средсва од влезници и донации ќе бидат уплатени на жиро сметката на малата Кирјана.
Клуб на млади ООЦК Пробиштип
Сподели на Facebook и Twitter