Награден Фото КОНКУРС “ПРОБИШТИП ФОТО 2022“

Јавување на Раде Илиевски Раководител на Одделението за јавни дејности

Награден Фото КОНКУРС

“ПРОБИШТИП ФОТО 2022“

ТЕМА:

„СО ЉУБОВ ЗА МОЈОТ ПРОБИШТИП“

Основни критериуми за учество:

– Се учествува со 3 (три) фотографии на зададената тема ( сите фотографирани во Пробиштип)

и до 3 (три) слободни фотографии (сите фотографирани во општина Пробиштип, со мотиви од карактеристични и препознатливи обележја за нашата општина)

– Може да се достави и само една фотографија за учество

– Може да се учествува со највеќе 6 (шест) фотографии

– Фотографиите треба да бидат јасно одбележани за која од двете категории се

испратени

– Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за

наградите

– Фотографиите не треба да бидат потпишани (“watermark”, “signature”) или на

кој било начин означени со име или идентификација на фотографијата

– Фотографијата не треба да содржи име, презиме, иницијали, рамки или какви

било текстуални карактери и симболи за идентификација на предната страна

– Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, магазини,

каталози или да имаат учествувано на други натпревари

– Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за

наградите

– Фотографиите  на зададената тема и слободна тема, треба да се фотографирани во Пробиштип,

– Испратените фотографии не треба да содржат елементи на насилство,

порнографија, расизам или некој друг облик на дискриминација

– Испратените фотографии не треба да ја нарушуваат приватноста на луѓето,

односно сите фотографирани луѓе мора претходно да дале согласност за тоа

Техничко – уметнички критериуми за учество:

Фотографиите ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се достават во:

·       електронска форма снимени на CD со висока резолуција (најмалку 5 мегапиксели)

·       Да се во JPEG формат

·       Да се најмалку 72 dpi

·       4:3 / 3:2 / 16:9 (Пропорција на стандардна фотографија)

Секоја фотографија која нема да биде согласно погоре

наведените карактеристики ќе биде дисквалификувана и нема да биде

разгледувана од жири комисијата

– Дозволено е софтверско интервенирање на фотографиите

-Фотографијата ќе се оценува според композицијата. Начинот на којшто се

вклопени фотографираните елементи, кои треба да прават успешна целина во

уметничка смисла

– Фотографиите треба да содржат напредни естетски елементи. Тоналитет,

форма, текстура, ритам, баланс, движење и сл.

– Фотографијата не треба да биде премногу темна, нити премногу светла

– Фотографијата мора да има доволно видливи детали

Награди :

Општина Пробиштип за првите три фотографии во двете категории обезбеди

награди и тоа:

Фотографии на зададена тема:

I место –  4.000 денари

II место – 2.000 денари

III место -1.000 денари

Фотографии на слободна тема:

I место –  2.000 денари

II место – 1.500 денари

III место  1.000 денари

– Наградите ќе бидат доделени на 7 Декември, а по повод празникот, 8 Декември 2022година – „Свети Климент Охридски“  на изложбата која по тој повод, од пристигнатите фотографии, ќе биде поставена во Домот на културата во Пробиштип со почеток во 12 часот.

Сподели на Facebook и Twitter