Одбележан 22 Септември – Светскиот ден без автомобили во Пробиштип

Овој ден го одбележаа учениците од основните и средното училиште и секако најмалите - децата од детската градинка Гоце Делчев со свои активности.

Денес ширум светот  се одбележува Светскиот ден без автомобили, ден кој првпат беше одбележан пред 20 години. Овој ден има цел да ја крене свесноста кај луѓето за зелените, еколошки транспортни решенија (јавен транспорт, пешачење, велосипедизам, итн.), како и да поттикне иницијатива за ремоделирање на градовите во насока на поддршка на ваквите модели на транспорт и приближување на јавниот простор, пред сè улиците, поблиску до луѓето. Одбележувањето на овој ден треба да ги поттикне граѓаните да замислат еден поинаков град кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите.

Во нашиот град Пробиштип,  овој ден го одбележаа учениците од основните и средното училиште и секако најмалите – децата од детската градинка Гоце Делчев . Истовремено, овој потег има цел да ги поттикне луѓето, барем на тој еден ден, да го остават дома автомобилот и да размислуваат за други начини на превоз, како што се велосипедите , тротинетите , електричните тротинети и др. Низ фотографии како изгледаше овој ден во градинките:

Сподели на Facebook и Twitter