ПОСАВСКИОТ ГОНИЧ на Виктор Ѓорѓиев е ЕВРОПСКИ ПРВАК

Освоени 134 од вкупно 140 бодови во работа со зајак

На Европското првенство на кое што се натпреваруваа ловечки кучиња за работа со зајаци, кое што се одржа во Серес – Грција на 10 – 11 март 2023 година, Посавскиот гонич на нашиот сограѓанин Виктор Ѓорѓиев го освои првото место со освоени 134 од вкупно 140 бодови, со што ја понесе титулата Европски првак. На првенството учествуваа повеќе европски држави меѓу кои Италија, Франција, Швајцарија и др.

Инаку Виктор е член на Македонскиот клуб за ловна кинологија и член на Комитетот за ловна кинологија при Ловечката Федерација на Македонија.

 

Сподели на Facebook и Twitter