ПРОБИШТИПЈАНИ ЈА ПОКАЖУВААТ СВОЈАТА СОЛИДАРНОСТ

Апелот е уште отворен, секој што би сакал да се откаже бар и од едно кафе и да донира храна, ќе направи добро дело.  

   По апелот во Фејсбук групата Пробиштип инфо за прибирање донации во храна и финансии, со што бар малку би им олесниле на младите активисти за заштита на напуштени животни, кои од скромност сакаат да останат анонимни, пробиштипјани веднаш одговорија 

  Се јавуваа љубители на животни од цел град и ја нудеа својата помош. Но освен сограѓаните кои живеат тука, на апелот одговорија и тие што се надвор од Македонија,давајќи парични средства кои главно се користеа за лекување на болните животни.  

 Голема благодарност до сите донатори, бидејќи покажаа дека ако сакаме, можеме да промениме нешто, за наша среќа на подобро 

  Прибраната храна ќе ги покрие потребите за некој период, но набргу ќе се потроши, бидејќи младенчињата имаат голем апетит.  

  Апелот е уште отворен, секој што би сакал да се откаже бар и од едно кафе и да донира храна, ќе направи добро дело.  

  Од фотографиите ќе видите колку само среќа даривте со вашата донација. 

Сподели на Facebook и Twitter