Продолжуваат хуманитарните активности на Црвениот крст во Пробиштип

Секој ученик доби ранец со целосен прибор потребен за школување односно тетратки, моливи, темперни бои, торба за спортска опрема и слично.

Почетокот на учебната година годинава го одбележуваме со обезбедување на донација за училишен прибор за 22 ученици од основните училишта во нашиот град кои се членови на социјално загрозени семејства.
Стручните служби ни обезбедија информации околу тоа кои ученици имаат потреба од нашата помош, на која возраст се и кои се нивните потреби.
Секој ученик доби ранец со целосен прибор потребен за школување односно тетратки, моливи, темперни бои, торба за спортска опрема и слично.
Оваа акција прв пат се спроведува со оваа големина, но со сигурност можам да кажам дека не е и последна.

Црвен крст – Општинска организација Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter