,,РУДАРСКА ПАТЕКА”- Програма и опис на турата

СПД Пробиштип : По повод 28-ми Август Денот на рударите и празникот на градот Пробиштип на 27-ми Август (сабота) организираме Планинарска тура ,,РУДАРСКА ПАТЕКА" во чест на рударите

,,РУДАРСКА ПАТЕКА” 

 с.Мождивњак – Лисец – с.Добрево 

(минуваме низ три општини: Крива Паланка, Кратово и Пробиштип) 

По повод 28-ми Август Денот на рударите и празникот на градот Пробиштип –  на 27-ми Август (сабота) организираме: Планинарска тура ,,РУДАРСКА ПАТЕКА” во чест на рударите 

По две годишна пауза поради Covid пандемијата а под покровителство и логистичка подршка на концесионерот на рудниците Компанијата БУЛМАК 2016 во чест на рударите, рудникот и градот повторно ја организираме традиционалната тура “РУДАРСКА ПАТЕКА”. 

„Рударска патека” или „Патеката на рударите” е рекреативна планинарска патека посветена на трнливиот пат на првите рудари кои работеле во рудникот „Добрево”, започнувајќи по Втората светска војна,  па продолжувајќи низ 50-ите, 60-ите и 70-ите на 20 век. Години на почеток и развој на Пробиштип, најпрво како индустриска област, а подоцна и како град.  Во тие почетоци на индустриски развој на Пробиштип, работната сила за експлоатација на рудата од рудникот „Добрево” била „црпена” од околните планински села, кои во тоа време изобилувале со живот. Луѓето од поблиските села, најчесто секојдневно оделе по два три часа до своето работно место во рудникот  во еден правец и после исцрпувачката физичка работа се враќале повторно по истиот пат во своите домови. Тој пат до работното место се одел во сите периоди од денот, но и во сите годишни времиња.  Оваа патека го обележува патот на оние рудари кои масовно доаѓале од подалечните краеви на паланечките села. Тие ги оставале своите најблиски и своите домови во попладневните неделни часови и пешки се упатувале кон рудникот „Добрево”. Работните денови ги поминувале во колективните згради во Добрево направени пред и за време на војната, за да по завршувањето на работната недела повторно по истата патека се вратат во своите домови исполнети со топлината и љубовта на најблиски.  

За жал, не секогаш сите.  

„Патеката на рударите” претставува почит кон тешката егзистенција на сите овие храбри луѓе од минатото кои ги поставиле темелите и го започнале индустрискиот развој на градот Пробиштип. 

ОПИС НА ТУРАТА 

Пaтеката е со должина од 23km и спаѓа во категоријата: 

– средно тешки патеки, 

– потребно време 8-9 часови, 

Стартот е во с.Мождивњак (Крива Паланка) на 690 мнв, попатно се поминува с.Нежилово и се искачуваме околу 700 m до местото Лисец 1380 мнв (не го качуваме врвот и Св. Злата Мегленска) од каде почнуване да се спуштаме по асвалтен пат до с.Близанци од каде што по колски пат се упатуваме кон с.Добрево (Општина Пробиштип) 698 мнв и турата ја завршуваме во кругот на рудникот. Во рудникот Добрево покровителот Булмак ќе обезбеди ручек за учесниците (традиционално планинарско гравче) а организаторот ќе додели благодарници за учесниците. 

ПРОГРАМА; 

-Поаѓање: 06:00 часот од пред “рудничка капија” – Управна зграда на Компанијата БУЛМАК 2016 во центарот на градот. 

-Превозот од Пробиштип до с.Мождивњак е обезбеден од покровителот Булмак. 

-Старт на турата 07:00 часот од с.Мождивњак. 

-Се оди околу 23км цела тура.  

-највисока точка Лисец 1380мнв, 

-Се искачува околу 700 метри 

-Спаѓа во категорија на средно/тешки патеки. 

-потребно време 8-9 часови. 

-Завршување на турата до 15.00-16.00 часот. 

ОПАСНОСТИ: 

– Високи летни температури и можност за дожд и грмотевици. 

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ: 

– психофизичка подготвеност за пешачење; 

– турата е напорна и не е за почетници; 

– високи разгазени чевли; 

– облека која штити од дожд и ветер; 

– планинарски стапчиња; 

– заштитна крема за УВ зрачење. 

– Пријавување до Среда 24.08.2022 до 14.00 часот. 

– Заради вадење на потребна документација за движење низ шума. 

– Бројот на места за жал е ограничен. 

ИНФОРМАЦИИ:  Инфо во групата  СПД ПРОБИШТИП 

ИСХРАНА: 

– ручек е обезбеден од страна на покровителот БУЛМАК; 

– останато секој сам си носи исхрана од ранец; 

– вода 1,5 л, попатно на две места има вода на Лисец и с.Близанци; 

– суво овошје и сл. 

НАПОМЕНА: 

– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот. 

Сподели на Facebook и Twitter