Територијалната противпожарна единица во Пробиштип доби ново противпожарно возило

ТППЕ Пробиштип комплетирана во поглед на возниот парк потребен за покривање на територијата општина Пробиштип
Територијалната противпожарна единица во Пробиштип го зголеми својот возен парк со комплетно ново противпожарно возило.
Средствата  во висина од 6 милиони денари се обезбедени од Бирото за рамномерен регионален развој при Министерство за локална самоуправа и дополнителни 12 милиони денари од  буџетот на Општина Пробиштип за набавка на возилото.
Со оваа набавка ТППЕ Пробиштип е комплетирана во поглед на возниот парк потребен за покривање на територијата на општина Пробиштип, а она што го изготвува општината за наредниот период е проект за изградба на нов објект за потребите на пожарната единица.
Сподели на Facebook и Twitter