Уште една успешно реализирана хуманитарна активност на Клубот на млади ОО Црвен крст Пробиштип

Пробиштип уште еднаш ја покажа својата хуманост.

На 10.9.2022 сабота во Lounge bar COOL се одржа хуманитарна забава со популарната Ивона Јо и Back2Back band. Влезот беше по цена од 100 денари а сите собрани средства од влезниците како и од кутиите за донации ќе бидат уплатени на жиро сметка за донации за 7 месечно бебе кое има потреба од итно лекување во Турција. Клубот на млади ОО Црвен Крст Пробиштип веќе неколку пати организираше слични настани кои беа доста успешни, но овој се покажа како еден од најдобрите при што се собра висока сума на донации. Пробиштип уште еднаш ја покажа својата хуманост.

Клуб на млади ОО Црвен Крст Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter