Одбележан „Меѓународниот ден на учителот“ и во Пробиштип

Прогласени и наградени најдобрите просветни работници

По повод Меѓународниот ден на учителот, општина Пробиштип во кино салата “Злетовски рудар” организираше манифестација на која им се доделија признанија и награди на најдобрите просветни работници:

Марија Богатиновска – најдобар наставник за учебната 2022/2023 година од ООУ “Никола Карев”

Гордана Давитковска – најдобар наставник за учебната 2022/2023 година од ООУ “Браќа Миладиновци”

Даниела Малинова – најдобра воспитувачка од градинката “Гоце Делчев”

Надица Милосова – најдобра професорка за учебната 2022/2023 година од СОУ “Наум Наумовски-Борче”.

Почитувани просветни работници, ви благодариме за вашиот несебичен придонес и работа во образованието, за вашиот допринос во воспитувањето и образувањето на децата и младите во нашата општина.

Нека е честит денот на учителот.

Општина Пробиштип

 

Пробиштип инфо вршеше пренос во живо кој останува трајно на нашата ФБ група, а видеото можете да го погледнете со клик ТУКА

Сподели на Facebook и Twitter