За 1229 ученици од општина Пробиштип започна новата учебна година

Нека е со среќа и успех новата учебна година за сите ученици, наставници и професори

Училишното ѕвонче во 7 часот и 30 минути, после долго мирување, за време на летниот распуст, утрово заѕвони повикувајќи ги сите 1229 ученици во рамки на општинските училишта во Пробиштип. 

Во ООУ „Браќа Миладиновци“ годинава има 593 ученика од кои во централното основно училиште има 373, во Злетово има 143, во приградска населба Пробиштип 64 и во село Ратавица има 13 ученика. 

Годинава во ова училиште за прв пат своето образование го започнаа 57 првачиња, од кои 30 во централното, 14 во приградска населба Пробиштип, 11 во Злетово и 2 во село Ратавица. 

Во ООУ “Никола Карев” годинава има 343 ученици, од кои 26 се првачиња. 

Во СОУ „Наум Наумовски Борче“ има 293 ученика од кои во прва година 75 ученици. 

Годинава за прв пат на иницијатива на градоначалникот Анастасов и со Одлука на Совет на општина Пробиштип на сите 83 првачиња ќе им биде исплатена еднократна парична помош во износ од 3.000 денари, на 75те средношколци кои се запишаа во прва година, 

во текот на 9 месеци, секој месец ќе им биде исплатено по 2.000 денари на име додаток за образование на редовни ученици, жители на општина Пробиштип. 

Нека е со среќа и успех новата учебна година за сите ученици, наставници и професори. 

Општина Пробиштип 

Видеото со фотографии од свеченостите по повод приемот на првачињата можете да го видите ТУКА 

Сподели на Facebook и Twitter