30 години од формирањето на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип

Во кино салата на Домот на културата „Злетовски рудар“ се одржа свечена манифестација организирана од страна на Унијата на жени и Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип

По повод 30 години од формирањето на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип, вчеравечер во кино салата на Домот на културата „Злетовски рудар“ се одржа свечена манифестација организирана од страна на Унијата на жени и Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип.

Свое обраќање пред преполната сала на посетители, имаа претседателката на Унијата на жени од Пробиштип, Маргарета Ангеловиќ, претседателот на Општинскиот комитет од Пробиштип, Тони Тоневски, носителот на пратеничката листа на ИЕ 3 Драган Ковачки, претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ  Жаклина Пешевска и лидерот на партијата професор доктор Христијан Мицкоски.

Манифестацијата беше збогатена со изведби од страна на Мелани Тарчуловски и Страшко Милошевски.

 

 

Сподели на Facebook и Twitter