Прес конференција на советничката група на ОК Вмро-Дпмне Пробиштип

Сведоци сме на некоректното известување од страна на Претседавачот по завршување на седниците

ПОЧИТУВАНИ Иако како Советничка група максимално се трудиме да бидеме конструктивни, и да работиме во интерес на граѓаните, сепак како опозиција грубо сме напаѓани и омаловажени, како на самите седници, така и на јавните објави од страна на локалното раководство СДСМ. Веќе неколку пати предупредувавме за поголема транспарентност на Советот, односно емитување на седниците во живо, документирање и архивирање на истите на видео запис. Наместо ова сведоци сме на некоректното известување од страна на Претседавачот по завршување на седниците. Па на локалните медиуми единствено гледаме како за сите изгласани одлуки се „заслужни“ тие , а за одлуките кои не поминале виновни се советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. И сега повторно без око да им трепне, веднаш по завршувањето на минатата седница пред неполни 6 дена, за денешниот дневен ред ставени се точките кои не беа усвоени. а за кои што имавме реални забелешки и кои во најмала рака повторно требаше да бидат разгледани од страна на надлежните органи на институциите пред да бидат предмет на седница на Совет. Од тука се гледа неопходната потреба за поголема одговорност на овој општински совет, а тоа ќе го добиеме само со избор на Претседател на советот, бидејќи на овој начин под знак прашалник ги доведуваме и сите донесени одлуки. Поради сево ова, ние како советничка група ќе ја напуштиме и нема да учествуваме на денешната седница, а ќе го преиспитаме и учеството на наредните. За овој наш потег Единствено се извинуваме на нашите сограѓани и ги замолуваме за разбирање. БЛАГОДАРИМЕ !

ОК ВМРО – ДПМНЕ Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter