Сандра Мијалковска нов лидер на пробиштипските Социјалдемократи

Изјава на Сандра Мијалковска по повод изборот за претседателка на ОО СДСМ Пробиштип

Најпрвин сакам да искажам огромна благодарност до претседателот Димитар Ковачевски, за укажаната доверба да бидам назначена за претседателка на општинската организација на СДСМ Пробиштип. 

Оваа функција која ми е доделена ја сфаќам многу сериозно и не сметам дека е привилегија, туку обврска према СДСМ како партија и пред сите членови и активисти. Водејќи се од мојата јасна и цврста определба, како и чесност, одговорност, професионалност и искуство, решив да ја прифатам оваа одговорност. 

Како досегашна претседателка на Форум на жени, сакам да се заблагодарам на претседателката Тренчевска за довербата, како и на сите членки на Форумот на жени во Пробиштип за досегашната соработка. 

Голема благодарност ќе искажам до Драган Анастасов, досегашен претседател на ОО на СДСМ Пробиштип и градоначалник на општина Пробиштип. 

Како претседателка на ОО на СДСМ Пробиштип ќе бидам вредна, одговорна, транспарентна, ќе ги штитам интересите на партијата и ќе го штитам угледот. Ќе ги почитувам сите членови, активисти, назначени и избрани функционери, меѓутоа ќе барам почитта да биде взаемна, бидејќи секое непочитување на мене како Претседателка е непочитување на СДСМ, а тоа нема да го дозволам. 

Сандра Мијалковска ОО СДСМ Пробиштип 

Изјавата на Сандра можете да ја видите ТУКА 

Сподели на Facebook и Twitter