Денис Ампов од Пробиштип до Менаџер на Годината: Една инспиративна приказна за успех

Кошарката и претприемништвото како темели на успехот на младиот менаџер

На крајот на оваа година, Пробиштип и пробиштипјани имаат уште една причина за заедничка радост. Еден наш млад човек, кој за многумина од нас е познат и како момче од кошаркарскиот паркет, се закити со наградата за  ‘Млад Менаџер на Годината’. Секако, станува збор за Денис Ампов, низ градот познат лик, кој постојано е во потрага по нови предизвици, нови вештини, нови успеси.  

Неговат животна приказна е навистина инспиративна, а Пробиштип инфо имаше можност да ја погледне од малку поразлична перспектива- како кошарката заедно со предприемничкиот дух создаваат вакви успешни луѓе. 

Патеката кон успехот не е само изградена од амбиција и знаење, туку и од градењето карактер преку спортот и претприемништвото. Денис Ампов, роден и израснат во Пробиштип, ја добива престижната награда ‘Млад Менаџер на Годината’, доведувајќи ги вредностите и тимска работа од кошаркарските игралишта до светот на бизнисот. 

Неговите рани почетоци во спортот не само што го обликуваа неговиот конкурентен дух, туку и инстинктот за лидерство и стратегија. “Кошарката ме научи на дисциплина и тимска работа, што сега ги применувам секојдневно во мојата професионална кариера,” вели Ампов. Тие лекции се видливи во неговата способност да изгради силни тимови и да оствари значителни бизнис успеси. 

Со започнувањето на сопствено претприемништво во родниот град, Ампов покажа дека има не само бизнис смисла, туку и срце за својата заедница. Инвестирајќи во локалниот развој и отварајќи врати за нови можности, тој стана пример за тоа како се враќа на своето место на потекло. 

“Секое ново искуство, секој успех и неуспех ме натераа да растам и да се развивам како лидер,” истакна Ампов. “Имам голема чест што можам да ги пренесам овие лекции на младите луѓе од Пробиштип и да ги охрабрам да градат своја иднина со смелост и иновација.” 

Примерот на Ампов е особено важен во времиња кога младите се соочуваат со непредвидливи предизвици. Неговата порака е да се превземат ризици и да се вложува во образование и личен развој. “Од кошаркарскиот терен до корпоративните одбори, клучот е во никогаш да не престанете да учите и да растете,” додава тој. 

Не е лесно толку успешно да се плива во менаџерските води, па за својот успех Ампов вели- ,, Оваа награда не е само признание за мојата работа, туку и потврда за правилниот став и континуираниот стремеж кон усовршување. Таа  е симбол за она што го креираме со моите соработници за Клик, Бум, Трас биде поблиску до секој дом. Во време на големи предизвици и промени, огромна е потребата од сите заеднички да делуваме со големи и мали акции за колективен раст и благосостојба. 

Пробиштип инфо му упатува честитки на Денис и му посакува успех и во иднина. 

 

Сподели на Facebook и Twitter