Денес во просториите на Пензионерскиот дом во Пробиштип беа доделени наградите на најдобрите учесници на турнирот во табла и шах.
Во изминатите две недели се одржаа повеќе натпревари при што во конкуренција од осум натпреварувачи најдобри во табла беа:
Дончо Марков – прво место
Владимир Трјановски – второ место
Љупчо Ташевски – трето место
На турнирот во шах во конкуренција од 12 натпреварувачи најдобри беа:
Николчо Зафировски – прво место
Стојко Ангеловски – второ место
Бојко Тасев – трето место
На наградените им беа доделени скромни парични награди. Турнирот што се одржа беше дел од годинашната програма на активности на Здружението на пензионери на Пробиштип.