Меѓугенерациски натпревар во шах во пензионерскиот дом во Пробиштип

Младинскиот центар од Пробиштип го организираше овој убав настан

Денес (13.04.2024) во пензионерскиот дом во Пробиштип  се одржа меѓугенерацискиот натпревар во шах.

Покрај возбудлива и добра игра во шах, срцата на младите и постарите беа исполенти со позитива, забава и незаборавни моменти.

“Ова се само почетоци на многу идни соработки”, беа зборовите на господинот Груица Манасиев пред самото доделување на пофалници и дипломи за учесниците кои покажаа најголемо знаење и вештина во шах.

Искажуваме огромна благодарност до здружение на пензионери Пробиштип и се надеваме на многу успешни идни соработки.

Валентино Нанев

 

Сподели на Facebook и Twitter