Младинскиот центар го прослави својот прв роденден

На роденденот присуствуваа повеќе гости, а беа доделени и благодарници на истакнати членови и активисти

Чест и задоволство ни претставува дека во нашите простории на ден 22.12.2023 (петок) го прославивме нашиот прв роденден. Огромна радост ни преставува фактот дека добивме голем аудиториум на гости, кои имаа можност да слушнат за досегашните успеси на МЦ во изминатата година, да се запознаат со нашиот тим и нашите предходни и сегашни волонтери.

На самиот настан како и досега одлучивме да им дадеме глас на младите, па поради тоа на нашата прослава повеќе млади имаа и свои излагања пред гостите,а меѓу другите  се обратија :

Василија Василева ( поранешна волонтерка), Елена Николова ( член на дебатинот клуб), Изабела Гаврилова ( член на Клубот за англиски јазик), Ивона Рајиќ ( сегашна волонтерка), а свое излагање имаше и службеничката за млади на Општина Пробиштип, Драгана Јовчевска. Ја користиме оваа прилика да и се заблагодариме за пофалните зборови кои што ги упати за работата на МЦ.

Младите  ги изнесоа своите ставови и мислења  за тоа што претставува младинскиот центар  за нив и какви бенефити имаа во изминатата година. Ова за нас беше од огромно значење, бидејќи ние не прославивме само прв роденден,туку  ги прославивме и успесите и развојот на младите од Пробиштип.

По презентацијата за досегашната работа на МЦ и излагањето на овие млади лица, доделивме благодарници на сите наши досегашни соработници, институции и индивидуалци кои изразиле поддршка за целта и работата на нашиот МЦ и сите присутни ги поканивме на забавата со нашиот локален ДЈ.

Голема благодарност до сите гости кои не‘ почестија со нивното присуство на овој роденден, а воедно да кажеме дека чест и задоволство е да се сорботува со сите вас и сите заедно да изградиме подобра иднина за младите во општина Пробиштип.

Валентино Нанев

Сподели на Facebook и Twitter