„Нека трепка“ – иницијатива од учениците од IIIа одделение при основното училиште „ Браќа Миладиновци“ Пробиштип

Пробиштип инфо им честита за успешно реализираната иницијатива НЕКА ТРЕПКА и со нетрпение очекува да види што следно ќе биде смислено од овие мали умни глави

Викендов Пробиштип беше сведок на еден несекојдневен настан кој предизвика воодушевување кај сите граѓани.

Станува збор за креативна иницијатива од учениците од IIIA одделение при основното училиште „ Браќа Миладиновци“, која веднаш наиде на прифаќање кај родителите.

Се започна кога Григор Милисов доби идеја да отпочне свој „мал бизнис“ со плетени нараквици од ластичиња.

Децата од неговото маало веднаш му се придружија и почнаа со работа.

Се правеа нараквици и се пласираа на најфреквентното место во маалото, тротоарот покрај кружниот тек. Сите што таму поминуваа се воодушевуваа на глетката и застануваа да ги погледнат и да купат од нивните ракотворби.

Но, претприемничкиот дух веднаш се прошири и на децата од одделението, па сите заедно подржани од родителите организираа базар на ракотворби на градскиот плоштад на 07 Септември.

На импровизираниот штанд, освен нивните самостојно изработени ракотворби, имаше колачиња и други вкусни солени и слатки домашни деликатеси, сето тоа украсено со прекрасните детски насмевки.

Собраните средства со заедничка одлука ќе бидат наменети за прочистувач на воздухот за нивната училница.

Како што ни кажаа младите креативци- претприемачи, ова е само почеток, следуваат и други вакви акции.

Пробиштип инфо им честита за успешно реализираната иницијатива НЕКА ТРЕПКА и со нетрпение очекува да види што следно ќе биде смислено од овие мали умни глави.

 

Видеото од настанот можете да го погледате ТУКА

Сподели на Facebook и Twitter