Одбележувањето на 28ми Август заокружено со Свечена академија на која беа доделени награди на успешни граѓани на општина Пробиштип

Присутните гости имаа можност да ги разгледат делата од 32то издание на Лесновската ликовна колонија, која е отворена во Салонот на Домот на култура „Злетовски рудар“ во Пробиштип

Вчеравечер, во Домот на култура Злетовски рудар се одржа Свечена академија, по повод Денот на општина Пробиштип и Денот на рударите, 69 години општина Пробиштип.

На Свечената академија беа доделени награди – ваучери за учениците и менторите од основните општински училишта „Браќа Миладиновци“ и „Никола Карев“, како и средното општинско училиште „Наум Наумовски – Борче“, кои имаат освоени награди во одредени области во тековната учебна година.

Планинарите од СПД Пробиштип добија благодраница за особен придонес и општествена одговорност при гаснење на пожарите на територија на општина Пробиштип, резбани кутии со ликот на Свети Гаврил Лесновски за Николај Валканов во знак на благодарност за поддршката која ја дава за општина Пробиштип и на Ванчо Чифлиганец во знак на благодарност за поддршка на општината и граѓаните на општина Пробиштип.

Златни плакети се доделија на ТППЕ Пробиштип за особен придонес во гасењето на актуелните пожари, на Домот на култура „Злетовски рудар“ за меѓународната Лесновска ликовна колонија, која се организира од 1992 година, за Булмак 2016 за општествено одговорна компанија, за Црвениот Крст Пробиштип за реализација на бројни проекти, кои се одликуваат со хуманост и солидарност, за Кире Јакимов за чување на старите трајни вредности.

Присутните гости имаа можност да ги разгледат делата од 32то издание на Лесновската ликовна колонија, која е отворена во Салонот на Домот на култура „Злетовски рудар“, и притоа да уживаат во одличниот перформанс на Трио Џентлмен.

Општина Пробиштип

 

Сподели на Facebook и Twitter