ООЦК Пробиштип организира активности по повод Денот на вљубените со цел промоција на својата работа

Ги покануваме сите заинтересирани да се приклучат во активноста во која најмногу се пронаоѓаат

Клуб на млади ООЦК Пробиштип организира активности по повод Денот на вљубените со цел промоција на својата работа ,регрутација на нови волонтери и собирање на донации за хуманитарни цели.

Од денес па се до 12.02.2024 (понеделник) имате можност да донирате 300 денари во името на љубовта а ние на 14.02.2024 (среда) ќе доставиме роза со порака за вашата сакана личност до нејзината работа, домашна адреса итн.

За закажување и повеќе информации контактирајте не на телефонскиот број: 078 425 553 Собраните донации ќе бидат употребени во хуманитарни цели.

 

 

Во соработка со Книжевен клуб од Младински центар Пробиштип на 12.02.2024 (вторник) со почеток од 16:00 часот ќе се одржи креативна работилница на која ќе се изработуваат честитки и украси.

Изработките ќе бидат продавани на Денот на вљубените а собраните средства ќе бидат наменети во хуманитарни цели.

Секој може да учествува на работилницата за која треба да го најави своето учество преку порака до инстаграм профилот @crvenkrstprobistip / @mladinskicentarps

 

 

На самиот Ден на вљубените во соработка со Berlin Wall Bar се организира Денска забава со почеток од 12:00.

За пријатната атмосфера ќе се погрижи нашиот DJ CECO кој постојано не поддржува на нашите настани.

Насловот на забавата е “Ќе бидеш ли мојот волонтер?” со цел праќање на порака до сите млади дека имаат можност да се приклучат во нашата фамилија.

На забавата ќе се дели промотивен материјал за Клуб на млади ООЦК Пробиштип и ќе се продаваат изработки од работилницата со Книжевниот клуб, исто така има уште многу изненадувања за младите кои ќе го посетат настанот.

 

 

 

Сподели на Facebook и Twitter