Отворен ден за сите родители на младите од нашата заедница

Се гледаме на 15.02.2024 во 12:00 часот во просториите на Младински Центар-Пробиштип

Ве покануваме на патување во светот на вашите деца – свет што се создава и развива во младинскиот центар! Секој детал во ова патување е од витално значење, а вашето присуство е како главната дестинација.

Овој отворен ден е повеќе од едно обично дружење. Тоа е покана за вас да се впуштите во светот на вашите деца, да ги видите нивните креации, да ги пофалите за нивните усогласени постапки и да им дадете поддршка на сите млади во нашиот центар.

Присуството на родителите е од големо значење за нас, бидејќи вашата поддршка и разбирање се од суштинско значење за успешното функционирање на нашиот центар. Овој отворен ден е ваша прилика да се вклучите во заедницата на Младински Центар и да го видите вашиот влијателен придонес во животот и развојот на вашите деца.

На овој отоврен ден ќе имате можност да се запознаете со нашите простории, односно каде вашите деца го поминуваат своето слободно време, што тие креираат, во што се вклучени и какви можности ние нудиме за сите нив.

Исто така ќе можете да се запознаете со нашиот тим на професионални младински работници, односно да воочите кој работи со вашите деца додека се тука и какви компетенции поседуваме ние, исто така ќе бидеме на располагање за прашања на кои барате одговор како родители во врска со нашата работа.

Се гледаме на 15.02.2024 во 12:00 часот во просториите на Младински Центар-Пробиштип

Младински Центар – Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter