Пробиштип Инфо стартува со нов проект наречен ,, ПРОФЕСИОНАЛЕЦ“.
Низ разговор со наши сограѓани од различни професии, ќе дознаваме како е да бидеш личност кој својата професија ја доживува сериозно и ја работи со посветеност и љубов.
Наша прва гостинка е одделенскиот наставник Соња Даниловска, за која професијата е главен двигател во секојдневниот напредок, вечна доедукација и иновативност, како и огромната љубов која ја чувствува за своите ученици веќе 26 години.
Вистинско задоволство е да разговараш со некого кој кога зборува за својата професија, едноставно зрачи.
Целиот разговор со Соња Даниловска можете да го проследите ТУКА.