ТВОЕТО МИСЛЕЊЕ Е ВАЖНО – ПОПОЛНИ ЈА АНКЕТАТА

Во тек е изработка на ПРВАТА локална стратегија за млади во општина Пробиштип

Потребна ни е вашата поддршка за да ја направиме нашата општина уште подобро место за живеење на младите. Доколку имаш 13-29 години и живееш во општина Пробиштип или познаваш некој на оваа возрасто од тука, пополни го или сподели го овој прашалник кој ќе ти одземе најмногу 10 минути од твоето време и биди дел од промената!

Те охрабруваме искрено да ги одговориш прашањата, прашалникот е целосно анонимен и одговорите ќе бидат искористени исклучиво за целите на истражувањето.

Овој прашалник се спроведува во соработка со Општина Пробиштип и ќе послужи за креирање на првата општинска локална стратегија за млади.
Здружението на граѓани „ГРИТ“ ја спроведува иницијативата “Делувај локално” поддржана од проектот „Заедници инклузивни за млади“ спроведуван од Националниот младински совет на Македонија во партнерство со Фондација за развој на локалната заедница – Штип, SFERA International Битола и Платформа за младинско јакнење ЈЕП – Гостивар, а поддржан од Европската унија. 

Иницијативата има за цел унапредување на положбата на младите и учество на младите во донесувањето на одлуки во општина Пробиштип. Формирање на Локалниот младински совет како и креирањето на Локалната младинска стратегија, кои значително ќе ја унапредат положбата на младите на локално ниво, со тоа што ќе им даде можност тие да креираат политики и директно да учествуваат во процесите на одлучување. 

ЛИНК ДО АНКЕТА ЗА МЛАДИ – Кликнете ТУКА

Ти благодариме за придонесот и што делуваш локално!

Автор: Василија Василева (Проектна координаторка на Делувај локално)

Сподели на Facebook и Twitter