Големо невреме во Кочани

Во невремето синоќа во Кочани – Поплави во куќи и деловни објекти, срушени електрични столбови...

Силно невреме синоќа го зафати Кочани. Педесетминутното дивеење на стихијата им направи големи проблеми на граѓаните. Дуваше ветер со голема брзина, врнеше дожд и град. Поплавени се дворни површини, подруми и приземни простории на куќи. Водата навлезе во дуќани во Трговскиот центар, ги поплави подрумските простории на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, настрада производна хала на „Амфенол“, ресторанот „Аледар“, „летаа“ дрвја, срушени се електрични и телефонски столбови, прекинати се електропреносни кабли, спречен е пожар на индивидуална куќа. Интервенираа пожарникарите (професионалци и доброволци), полицијата, вработените во комуналното претпријатие „Водовод“,граѓани.

Радио Кочани

Сподели на Facebook и Twitter