За оваа година организаторот планира пастрмајлијадата да се одржи во последната недела од месец септември, кога според традицијата започнува да се конзумира овој кулинарски специјалитет. Од Општина Штип изјавуваат дека се во тек подготовките на програмата и преговорите со штипските угостители, а се бара и соодветна локација во градот.
Штипската пастрмајлија е брендиран гурмански производ и препознатлив симбол на градот под Исарот уште пред 11 години , а манифестацијата ќе биде 14-та по ред.