100 % Одбојка – Викенд издание

Викендот во знакот на одбојката

Вчера во Спортската сала „Софија Петровска“ во Пробиштип се одигра последното 11то коло од  Првата Македонска одбојкарска лига во оваа полусезона, помеѓу домашната екипа на Весна Пробиштип и ГОК Борец од Велес. Гостите извојуваа убедлива победа со 0:3 во сетови , а нашите го завршија овој дел од натпреварувањето со 6 победи и 4 порази.

Денес во Струмица се одржа третиот турнир за машки во категорија на младинци и во женска конкуренција (пионерки) на кој учествуваа и наши преставници.

Голем успех на девојчињата од  нашата екипа, со денешниот освоен бод против Вардар со што го освоија второто место во групата веднаш зад екипата на Виктори Волеј, а пред Вардар кој важеше за фаворит, со што обезбедија и влез во најдобрите 16 екипи во Македонија и во наредната фаза ќе играат во систем на бараж натпревари.

Резултати:

Виктори Волеј – Весна Пробиштип=2:0

Вардар – Весна Пробиштип=2:1

Во машка конкуренција ги бележиме следните резултати:

Струмица Никоб-Весна Пробиштип=2:0

УГД Штип – Весна Пробиштип=2:0
Сподели на Facebook и Twitter