И годинава во програмата за одбележување на 28ми август, Денот на општината и Денот на рударите, традиционално свое место зазеде и турнирот во тенис или попопуларно наречен Пробиштип опен.
На турнирот задоа учество повеќе тенисери од Пробиштип , а натпреварувањето беше во две категории, поединечно и двојки.
Победник во поединечна категорија или сингл беше Бојан Иванов кој во финалето беше подобар од Ѓорги Стојковски.
Победници во двојки беа Дејан Марковски и Ѓорги Стојковски кои беа поуспешни од Денис Тошевски и Злате Петков.