Бојана Пешовиќ и Теа Зарева прогласени за најдобри спортисти на Пробиштип за 2022 година

Избрани најдобрите спортисти кои се натпреваруваат во и надвор од Пробиштип
Спортските работници од спортските клубови во општина Пробиштип го избраа спортистот во категорија спортисти кои се натпреваруваат во општина Пробиштип, тоа е младата каратистка Бојана Пешовиќ.
Во категоријата спортисти кои се натпреваруваат надвор од општина Пробиштип е избрана одбојкарката Теа Зарева.
Годинава се прогласени два најдобри спортски клуба во Пробиштип
ОК „Весна Пробиштип“ Пробиштип и
Карате клуб „Вадо карате ДОО Унија“ Пробиштип
Честитки за сите номинирани спортисти и посебни честитки за добитниците на наградата спортист на 2022 година и спортски колектив.
Сподели на Facebook и Twitter