Булмак – Панови – Финале на годинаштиот турнир во мал фудбал

Финалето ќе се одигра на 28.08.2023 година во 18:00 часот

Денес во рамки на годинашниот турнир во мал фудбал кој традиционално се организира по повод 28ми Август, Денот на рударите и Денот на општина Пробиштип, се одиграа полуфиналните натпревари помеѓу:

Булмак – Амбиент 5:2

Панови – Сити кафе 0:0 (5:4) на пенали.

Така да годинашни финалисти се екипите на Булмак и Панови.

Финалето ќе се одигра на 28.08.2023 година со почеток во 18:00 часот на ракометното игралиште.

Да кажеме дека пред финалната средба ќе се одигра  натпревар на  фудбалери од младинската школа на „ФК Рудар“ Пробиштип.

Сподели на Facebook и Twitter