Деби на одбојкарите на Весна Пробиштип пред домашната публика во новата сезона 2022/23

ОК Весна Пробиштип - Ок Шкендија Тетово. Сабота 22.10.2022 година, спортска сала „Софија Петровска“ 15 часот.

Утре 22.10.2022 година (сабота), во спортската сала „Софија Петровска“ ќе се одигра првенствен натпревар во рамки на второто коло од Првата Македонска одбојкарска лига, прв на нашите одбојкари пред пробиштипската публика, против фаворизираната Шкендија од Тетово, екипа со искусен состав и тројца странци, екипа со шампионски амбиции  и реално претставува апсолутен фаворит на овој натпревар. Нашата екипа е со подмладен состав и воедно ова ќе биде прекрасно искуство за нашите млади одбојкари, без разлика на конечниот исход од утрешниот натпревар.

Почеток: 15 часот 

Сподели на Facebook и Twitter