Две бронзи за Божица Јаневска од Светскиот шотокан шампионат во Грција

Одличен настап на каратистите од Вадо карате до унија Пробиштип на Светскиот шотокан карате шампионат во Грција

Каратистите од Вадо карате до унија Пробиштип се вратија со два бронзени медали од 30 от Светски шотокан шампионат и 15 от  Светски шотокан куп во карате кој се одржа во грчкиот град Халкида, а на кој зедоа учество 32 земји од целиот свет со над 2000 учесници.

Божица Јаневска од Вадо карате до унија Пробиштип освои два бронзени медала и ја израдува пробиштипската јавност со овој огромен успех.

Честитки и од Пробиштип инфо, а во видеото можете да го проследите разговорот со Стојан Стојковиќ и Божица Јаневска.

 

Сподели на Facebook и Twitter