На годинашниот турнир во мал фудбал кој што традиционално се организира по повод 28ми Август, Денот на рударите и Денот на општина Пробиштип победници се екипата на Булмак, која што беше подобра од екипата на Панови со 2:1 во финалната пресметка.
За најдобар играч на турнирот беше прогласен Дарко Мирков од екипата на Булмак. За најдобар стрелец Марио Атанасовски исто така од Булмак и за најдобар голман Јовица Радовановиќ исто од победничката екипа.
Честитки за победниците и сите учесници на годинашниот турнир , а во видеото што следува ќе го проследите доделувањето на наградите.