Фудбалерите на Рудар службено ја добија екипата на Победа од Валандово со 3:0

Гостите од Валандово не допатуваа во Пробиштип

Вчера фудбалерите на Победа од Валандово не допатуваа во Пробиштип, каде што требаше да се одигра првенствениот натпревар од десеттото коло од Третата македонска фудбалска лига-исток, така што резултатот службено беше регистриран 3:0 за домакинот. Со оваа победа екипа на Рудар од Пробиштип со 6 победи и 4 порази се наоѓа на 4то место на табелата со 18 бодови. Следната средба екипата на Рудар ја игра во Берово против фудбалската екипа на Малеш.

Сподели на Facebook и Twitter