Ѓорѓи Стојковски-Џоле победник на годинашниот турнир во тенис

Во финалето Ѓорѓи Стојковски беше подобар од Андреј Игнатов

На годинашниот турнир во тенис кој беше дел од програмата за одбележување на 28ми Август, Денот на рударите и Денот на општина Пробиштип, победи Ѓорѓи Стојковски-Џоле, кој во финалната пресметка беше подобар од младиот и одличен тенисер Андреј Игнатов.

Во двојки првото место го освоија Дарко Андоновски и Андреј Игнатов кои беа подобри од Дејан Марковски и Ѓорѓи Стојковски.

Во видео материјалот можете да ја проследите церемонијата од доделувањето на наградите, кои ги додели Д-р Љупчо Милановски организатор на тенискиот турнир.

 

Сподели на Facebook и Twitter