ИЗБОР НА СПОРТИСТ НА ПРОБИШТИП ЗА 2022 ГОДИНА

Јавување на Раде Илиевски околу деталите за изборот

Општина Пробиштип го бира спортистот на 2022 година. Преку вашите лајкови и вие ќе  помогнете во изборот на најдобриот од најдобрите спортисти за 2022 година.
Гласањето ќе трае од 09.01. – 20.01.2023 година.
Спортските работници од општина Пробиштип ги предложија најдобрите спортисти во категоријата:
Спортист на годината кој се натпреварува во општина Пробиштип
Ангела Ангеловска      (клик на името ако сакаш да гласаш)
Родена е на 29.06.2007г. во Скопје. Почнува да тренира кошарка на осумгодишна возраст. Тренира во КК.„Пробаскет“ – Пробиштип, под менторство на тренерот Ванчо Лепитков. Во 2020 г. е дел од селекцијата на младинска репрезентација во категорија М14. Минатата година играше во М16 лига, а оваа година игра во М18 лига. Во КК.Пробаскет – Пробиштип игра активно и денес и е една од најнадежните млади кошаркарки.

Бојана Пешовиќ    (клик на името ако сакаш да гласаш)

Родена е 2004 година. Има 18 години. Карате тренира уште од шест годишна возраст, веќе 12 години. За успехот во каратето огромна заслуга има тренерот Стојан Стојковиќ. Во текот на годините учествува на натпревари на ниво на балкан, интернационални, 3 европски и 2 светски нивоа. Има постигнато големи успеси, во текот на спортската кариера освојува 8 бронзени медали, 14 сребрени медали и 17 златни медали. Покрај медалите под нејзиното име стојат и 4 пехари. Во 2021 година учествува во интернационален куп на карате во Јагодина, Србија каде освои златен медал, ова воедно е и најголем успех до сега, освоената титула Европски кадетски првак во кати на европското првенство во Решица, Романија и на нејзината колекција додава уште едно злато. Во 2022 година освојува Второ место(сребро) во Дрвенград на меѓународен турнир. – Пласман во сениорска конкуренција на Светско првенство 2022 -Трето место(бронза) -Второ место(сребро) во Mодрича, Босна и Херцеговина -титула Вице Шампион на Балкан (сениори/жени)
Прогласена е за Најуспешен натпреверувач во клуб за 2022 година

Тоше Ефремов  (клик на името ако сакаш да гласаш)

Член е на ОК Весна Пробиштип во текот на 2021/2022 настапува во сениорска младинска, кадетска и пионерска конкуренција. Има солиден настап во сите конкуренции а нај голем успех постигнa во пионерска конкуренција освојувајќи го првото место. Настапува за кадетската и младинската репрезентација на Македонија на балkанијадата во Нови Сад Србија и во Тирана Албанија. Во делот на училишен спорт организиран од ФУСМ го освои првото место во одбојка за основни училишта.

Mарио Атанасовски  (клик на името ако сакаш да гласаш)

Роден е 1990 година. Својата фудбалска кариера ја започнува на 14 годишна возраст во ФК „Рудар“, каде што е 2 години, за да потоа оди во екипа на ФК „Работнички“, каде што исто игра 2 сезони. Потоа оди во ФК „Саса“ од Мак.Каменица каде што се задржува цели 5 сезони, и следен клуб му е ФК „Беласица“ од каде се враќа во ФК „Рудар“ на само 1 сезона. Веќе следната сезона оди во Шведска во IF Vardar, каде што е прв стрелец во 6-та лига во сезона 2018/19 со постигнати 22 гола на само 9 натпревари, и следната 2019/20 во Vaskurd 5.лига, каде исто е прв стрелец со 32 гола. Од 2022 година се враќа во ФК „Рудар“ каде што е веќе втора сезона најдобар стрелец во клубот, и втор најдобар стрелец во лигата. Во моментот е капитен на ФК „Рудар“

Спортист на годината, кој се натпреварува надвор од општина Пробиштип

Даниел Божиновски    (клик на името ако сакаш да гласаш)

Роден е 1989 година. Кариерата ја започнува на 14 години во ФК „Силекс“ , каде што подоцна се приклучува во првиот тим на клубот, се до 2013 година кога заминува за ФК „Брегалница“ од Штип. Таму останува една година. Од таму заминува во ФК „Работнички“ Скопје каде што игра пет години. Од таму оди и ја гради својата интернационална кариера во ФК „Сабаил“ Баку, Азербејџан од каде по само три месеци се враќа во Македонија во својот матичен клуб, ФК „Силекс“ , каде што настапува и денес. Беше дел од А репрезентацијата на Македонија. Во својата кариера има освоено два купа на Република Македонија и повеќе пати настапува во Лига на Европа и Лига на шампиони.

Катерина Поп Димитровска  (клик на името ако сакаш да гласаш)

Има 20 години, тренира кошарка долго време. Кариерата ја започнува во КК „Пробаскет“, а моментално е во ЖКК ,,Баскет Кам” од М.Каменица каде што за сезона 2020/21 беа освојувачи на двојната круна. Исто така оваа сезона игра и Јадранска лига и е дел од женската сениорска репрезентација на Македонија. Во 2022 година со клубот каде што игра го освоија Купот на Македонија, а беа втори во женската кошаркарска лига. Настапува за женската сениорска репрезентација, а минатата сезона клубот ЖКК „Баскет Кам“ е прогласен за најдобар клуб.

Мила Радевска    (клик на името ако сакаш да гласаш)

e родена 2007гoдина.
Со тренирање кошарка започнува од својата седумгодишна возраст.
Матичен клуб и е К.К.„Пробаскет“- Пробиштип, под менторство на тренерот Ванче Лепитков,кој и ја всади љубовта кон кошарката и основата за успешен и понатамошен развој. Со клубот учествува во многу пријателски и првенствени натпревари во категорија М-16, а играше и меѓународни пријателски натпревари кои се одржуваа во Р.Бугарија. Во К.К Пробаскет-Пробиштип активно игра до завршување на основното училиште во Пробиштип.Во период од 2 години беше член на младинската репрезентација во категорија М-14. Своето понатамошно образование го продолжува во Р.Словенија-Копер,каде што активно продолжува да тренира во Ж.К.Д „Копер“ под менторство на тренер и селектор на младинската репрезентација на Р.Словенија, Синиша Дробњак. Со активно тренирање за краток временски период од еден месец, нејзиниот талент надограден од тренинзите на тренерот Ванче Лепитков дојде до израз и влегува во првата постава на клубот Ж.К.Д „Копер“. Денес активно учествува во првенствени натпревари во категорија М-16 во Р.Словенија и дава голем придонес за успехот на клубот.

Теа Зарева  (клик на името ако сакаш да гласаш)

Родена e 2003 година. Основно училиште завршив во ООУ”Никола Карев”, средно училиште во СОУ”Наум-Наумовски Борче”. Моментално e запишана на Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ во Скопје. Со одбојка започнaлa да се занимава на 10 годишна возраст во клубот ОК ”Весна Пробиштип”. На 12 годишна возраст беше дел од предпионерска репрезентација на Македонија која настапуваше на детски игри во Турција. На 15 годишна возраст беше дел од пионерската репрезентација на Македонија која настапуваше во Софија, Бугарија. Истата година беше дел и од тимот на Јанта Волеј на меѓународен турнир во Ниш, Србија. Во сезоната 2020/2021 настапува за екипата на ОК ”Вардар жени 2019” Скопје, каде што беа двократни вицешампиони во Купот на Македонија и прва женска лига (play-off). Во сезоната 2021/2022 настапува за екипата на ОК ”Ускана” Кичево. Последната година од нејзиното средно образование,освоиjа трето место на државното првенство за средни училишта во Македонија. Моментално настапува за екипата на ОК ”Јанта Волеј” Скопје во втора одбојкарска лига.

Филип Савовски  (клик на името ако сакаш да гласаш)

Роден е 2002 година. Со одбојката започнува да се занимава на 16 годишна возраст во одбојкарскиот клуб во нашата општина „Весна Пробиштип” каде останува една година потоа преминува во одбојкарскиот клуб „Џио Струмица” од Струмица таму останува две години од каде што во 2020/21 година со екипата на џио Струмица претходната година го освои купот на Македонија. Со истиот клуб ја освојува шампионската титула, воедно и младинското првенство на Македонија по што следната сезона го има и првиот интернационален ангажман во екипата на Војводина, Република Србија. Од страна на репрезентацијата на Македонија првиот повик го има на 18 год каде и дебитира во квалификациите за европското првенство 2021год, Во истата година го има и своето деби на европските првенства.
Во измината 2022 година како позајмен играч од екипата на војводина со екипата на Нови Сад ја освои 2 лига во Србија каде сега се натпреваруваат во супер лигата (1) на Србија каде моментално после крајот на првиот дел е најефикасен блокер. Со нациналниот тим ја играше европската сребрена лига каде завршија како трето пласирани а тој беше најефикасен блокер на турнирот и е трет најефикасен играч на оваа позиција во лигата во која игра.

Сподели на Facebook и Twitter