Избрани најдобрите спортисти и спортски екипи на Пробиштип за 2023 година

Со пригодна манифестација беа прогласени најдобрите спортисти на Пробиштип

Синоќа во просториите на Домот на културата „Злетовски рудар“ во Пробиштип, а во организација на општина Пробиштип по петти пат беше одржана манифестацијата „Спортист на годината 2024“ 

Како и претходните години, така и годинава доделуваме признанија на најдобрите спортисти, а мене како градоначалник ме радува фактот што од година во година имаме подобри резултати, како клубски, така и преку поединци од нашата општина. Пробиштип низ годините наназад докажува дека од него произлегуваат професионалци во повеќе спортови, на што ние како општина сме горди, но и претставува наша обврска да работиме за подобри услови и да даваме поддршка на спортистите и клубовите од нашата општина. 

За таа цел општината во изминатата 2023 година вложи доста за развој на спортот преку поединицте и клубовите во нашата општина, а за прв пат воведовме и бесплатна младинска школа за фудбал, можност за секое дете да тренира и да го развива својот талент. Дополнително општината инвестираше во спортската инфраструктура и ќе продолжи да дава поддршка на спортот и да работи за создавање на услови за негов развој. 

Честитки за наградените спортисти: 

Тоше Ефремов, одбојка, млад надежен спортист, 

Вадо карате доо унија, спортски клуб за 2023 година, 

Зора Митровска – Поце, за исклучителен придонес за развој на спортот, афирмација и промоција на општина Пробиштип, 

Слаѓана Димитријева Селемидис – Џана, за исклучителен придонес за развој на спортот, афирмација и промоција на општина Пробиштип, 

Виолета Малинова Станчева – Фичо, за исклучителен придонес за развој на спортот, афирмација и промоција на општина Пробиштип, 

Иван Пешовски, атлетика – маратон за спортист на 2023 година во категорија спортист кој се натпреварува надвор од општина Пробиштип, 

Филип Савовски, одбојка за спортист на 2023 година во категорија спортист кој се натпреварува надвор од општина Пробиштип и 

Сандре Маневски, за трајни вредности во спортот. 

Честитки за сите наградени, благодарност за сите кои даваат придонес за развој на спортот во нашата општина и многу успех на оние кои се натпреваруваат во и надвор од неа, а со тоа и ја афирмираат општина Пробиштип. 

Општина Пробиштип 

Видеото од целата манифестацја можете да го погледате ТУКА
Сподели на Facebook и Twitter